Вести Македонија Топ вести

Германски експерти во вонредна контрола – Зошто мириса во едни операциони сали, а не во други?

Стручњаци од германска фирма со претставништво во Србија прават вонредно испитување во компресорската станица и во операционите сали во хируршките клиники, по што треба да дадат препораки што да се прави. Хируршките сали на клиника веќе трета недела се затворени поради миризба од непознато потекло, а се оперираат само итните случаи. Останатите пациенти се препраќаат во останатите две скопски болници или се трупаат на листата за чекање. Сомнежот е дека миризбата потекнува од системите за компримиран воздух и кислород.

Во заедничките служби на клиниките, кои ги одржуваат системите, велат дека пред два месеца се расипал еден од компресорите, но работат со останатите два и оти во ниту еден момент не запреле со работа.

„Проблемот може да го кажат само клиниките коишто користат операциони сали, бидејќи истите клиники имаат и други одделенија, интензивни неги, има Интерни клиники, има Максилофацијална хирургија, сите користат од истиот компримиран воздух затоа што е централно“, вели Стојче Николовски, раководител на сектор за технички работи во заеднички служби на клиниките.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште минатата недела праша дали можеби операционите сали во хируршкиот центар се затворени поради бактерија МРСА, а не поради системот за компримиран воздух, но директорот д-р Александар Трајановски остро ги демантира таквите шпекулации.

По пријавата за непријатна миризба, заедничките служби ја повикале фирмата Винора, која го одржува системот за компримиран воздух. Тие излегле на терен во операционите сали и утврдиле зголемена влажност во амбиенталниот воздух од 95 проценти, а „непознат мирис е забележан после апаратот за анестезија“.

„При ваква влажност на амбиенталниот воздух, мирисите во амбиенталниот воздух се со зголемен интензитет“, стои во Извештајот на Винора.

Код ги истражуваше причините за непознатата миризба во операционите сали. Експертите со кои разговаравме велат дека ако миризба има само во некои сали, а во други не, иако сите го користат истиот воздух и кислород, можеби треба да се проверат и пластичните црева и другата опрема кои се употребуваат во салите, затоа што евтината пластика има специфичен мирис.

Заменик министерката за здравство Маја Манолева вчера изјави дека на средба со директорите на хируршките клиники се договориле сите операциони сали во хируршки центар да почнат со работа со користење на надворешни компресори и со посебни садови за компримиран воздух. Така досега функционираа само три операциони сали кои се користеа за оперирање на итни случаи и за операции кои не може да се извршат во другите две скопски болници.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе