Вести Македонија Најважни

Два гласа до 2/3 мнозинство, ќе се изгласаат ли реформските закони?

Два гласа фалат за двотретинско мнозинство со кое треба да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата. Мнозинството засега брои 78 пратеници, а на денешната, прва координација на новиот собраниски состав, не е постигнат договор за поддршка. ДУИ се против, а од СДСМ тврдат дека сѐ уште немаат изградено став, и покрај тоа што денеска имаа и меѓусебна координација со пратениците од коалицијата.

Двајцата пратеници од НСДП остануваат во коалицијата, со која ќе настапуваат опозициски.

Пратениците од мнозинството, пак, се оптимисти дека потребното мнозинство сепак ќе биде обезбедено.

Од овие партии најавија дека законското решение е при крај и деновиве ќе биде и официјално поднесено. Се работи за законите за организација на работата на органите на државната управа, односно преструктурирањето на одредени министерства.

Партиите работат и на формирање на собраниските комисии, а приоритетни се Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем, низ кои мора да поминат овие закони.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе