Вести Македонија

Убиството се случило во полн угостителски објект- обвинителството отвори истрага за утринското злосторство во Боговиње

Обвинителството отвори истрага за убиството на 47-годишен маж во Боговиње. Осомничениот е фатен со пушката, а злосторството се случило во угостителски објект пред повеќе присутни луѓе кои се и сведоци на убиството кое се случило по расправија на жртвата и осомничениот.

Обвинителството издаде соопштение:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.

Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

Убиство во Боговиње- полицијата го фатила осомничениот 15 минути по извршеното злосторство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе