Вести Македонија Најважни

Пациент со една третина шанси да преживее како итен случај на кардиохирургија – преживеал по успешна операција. Телма ги спореди извештаите за смртност на државната Кардиохирургија

Пациент, кој имал само една третина шанси да преживее како итен случај на кардиохирургија, бил опериран и преживеал. Ова според табелата на клиниката за кардиохирургија, табела во која имаше увид и Телма, се случило на почетокот на годината, а пациентот имал проценка од 64,52%, односно таканаречен Еуроскор 2, што претставува проценка на ризик од фатален исход при операција.

Телма ги спореди двете анализи и интерните на Клиниката за кардиохирургија и извештајот на Министерството за здравство околу смртноста на оваа државна клиника. Случајот го обелодени министерот за здравство Илир Демири, кој иако е избран за пратеник, продолжува да ја врши и министерската функција.

Министерот Демири во понеделникот го разреши дотогашниот директор Марјан Шокаровски и го обвини менаџментот на Кардиохирургија дека морталитетот на пациентите е зголемен, дека владеат лоши меѓучовечки односи на клиниката и дека се даваат големи хонорари на странски експерти, пред се од Србија, а не се произведуваат домашни кадри.

Според министерот Демири, смртноста се зголемува и тоа го утврдила и стручната комисија. Додека во 2022-рата морталитетот на Кардиохирургија бил понизок од 10 проценти за примени пациенти, односно нешто над 14 проценти од оперираните, во 2023-тата година процентот на морталитет бил повисок и изнесувал 16,2% од примени, односно 18,6 проценти од оперирани пациенти на кардиохириргија. Во 2023-та е зголемен и бројот на интервенции на кардиохирургија за речиси 20%, односно 60 повеќе пациенти биле оперирани на државната Кардиохирургија.

Во извештајот изготвен од тим формиран во министерството за здравство е наведено:

„Статистичката анализа на податоците компарирани за 2022-ра и 2023-та, вкупниот морталитет и морталитетот за кардиохирушки операции со користење на Xi квадрат тест покажува дека ги нема преминато границите на статистичка сигнификантност“, се вели во извештајот на стручниот тим на МЗ за клиника за кардиохирургија.

Анализата која ја понуди тимот на разрешениот директор Шокаровски од друга страна тврди дека иако бројката е зголемена, тој епилог бил предизвик поради тежината на состојбата на пациентите кои биле хоспитализирани. Пациентите во негов мандат, според тимот на разрешениот Шокаровски, биле со многу поголем ризик за преживување пресметано со Euroscore 2; односно предоперативен калкулатор за процена на 30-дневен морталитет.

Според тврдењата на тимот на Шокаровски, во периодот кој тој бил директор сите параметри останале исти освен зголемување на овој индикатор за точно два проценти. Тврдењето на тимот на Шокаровски е дека смртноста незначајно се зголемила поради потешката состојба на пациентите.

Демири во интервју снимено за емисијата КОД тврди дека бројките на Шокаровски не се добро пресметани.

Шокаровски, пак, излезе со проценка дека станува збор за хајка против него и неговото раководење со клиниката, но случајот сега веќе е во рацете на обвинителството кое ќе треба да утврди дали и колку е зголемена смртноста меѓу пациентите на државната кардиохирургија и дали зад тоа стои лекарска нестручност или пак целата сцена повторно е поставена од политички причини.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе