Вести Македонија

Каселакис: Ако Владата смета дека е штетен Договорот од Преспа, нека оди со ВМРО да договори корисен договор

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“.

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Северна Македонија“.

Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе