Законот за локална самоуправа за кој е потребно двотретинско мнозинство, дали и тој ќе се најде на дневниот ред на првата седница со оглед на фактот што двајца министри се градоначалници како и барем еден пратеник Блерим Беџети со оглед дека Касами ќе остане градоначалник.
Во Топ Тема на Телма, собранискиот спикер Африм Гаши рече дека не е коректно да се оди на избори и тој мандат да трае осум месец, јас мислам дека не е уставно.
- Не може граѓаните за еден мандат да гласаат за четири години, а некој само осум месеци да биде градоначалник. Ако се случи нешто, како оставките на градоначалниците кои ќе бидат министри, треба да се најде решение во согласност со уставот со кое ќе се апсолвира тоа прашање и 2025 кога ќе има избори за другите градоначалници да има и за овие. Потребна е политичка одлука на една политичка партија или на самите пратеници да се изјаснат по однос на овие прашања, одговори Гаши.
Тој рече дека не е запознат со измените на законот за локална самоуправа, кои наводно ќе содржат одредби за оценување на работата на градоначалниците и ќе има можност за нивно отповикување.