Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска до избраните функционери- функцијата претседател на влада и министер е неспоива со вршење други јавни функции

Антикорупциската комисија ги повикува избраните функционери да ги почитуваат уставот и законите, како и изборниот законик и укажуваат дека функцијата претседател на владата и министер е неспоива со вршење други јавни функции или професии.

Уставот и законите треба подеднакво да важат за сите граѓани на државата, вклучувајќи ги и актуелните, но и претходните функционери, поради што се повикуваат лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата за законитост и интегритет, пишуваат од Антикорупциска.

Додаваат дека непочитувањето на обврските и забраните повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно Законот за собранието, Законот за пратеници и Изборниот законик.

Воедно, истото претставува прекршок за кој согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси се изрекува прекршочна санкција.

Комисијата укажува и на законските одредби од овој закон, според кои, избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши, со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.

Антикорупциска комисија укажува и на законот за пратеници, кој исто така пропишува дека функцијата пратеник е неспоива со премиерската и министерската функција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Тепачка на малолетниви во Ѓорче – ги снимале па ги објавиле на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе