Македонската машка ракометна репрезентација конечно имаше среќа во жрепката и на претстојното Светско првенство ќе има голема шанса да се пласира во следната фаза.
Унгарија, Холандија и Гвинеја се противниците на нашата селекција на Мундијалот и тоа состав кој ни гарантира пласман во следната рунда со оглед на фактот дека првите три национални тим ги продолжуваат борбите.
Дополнителна олеснителна околност за Македонија е фактот што мечевите ги игра во Хрватска, во Вараждин, каде би останала и доколку се пласира во Главната рунда, каде ќе вкрсти со трите првопласирани од групата Ц во која настапуваат Франција, Австрија, Катар и Кувајт.
Светскиот шампионат се игра во периодот од 14 јануари до 2 февруари, а покрај Хрватска домаќини се уште Данска и Норвешка.
Фото: Игор Паневски