Следниот петок е крајниот рок до кога претседателката Сиљановска-Давкова треба да му го додели мандатот на Христијан Мицкоски за формирање на влада, но партиите се` уште не ги откриваат јавно адутите.Потврдена е само поделбата на ресорите, но наводно преговорите за кадровските решенија се` уште траат.
Покрај лидерите од коалицијата „Вреди“, како Изет Меџити кој ќе биде вицепремиер и министер за животна средина и Арбен Таравари за здравство, во јавноста се вртат имињата и на Бесарт Дурмиши, за нов министер за економија, Фатмир Лимани за социјална политика, Адмирим Алити за министер без ресор, задолжен за Евроинтеграции, како и Бујаре Абази, за министерка без ресор задолжена за добро владеење.
Во ВМРО-ДПМНЕ, за министри се подготвуваат потпретседателите Гордана Димитриевска Кочовска, Тимчо Муцунски, Александар Николоски и Владо Мисајловски, Весна Јаневска, Сања Божиновска, Зоран Љутков, Цветан Трипуновски , Панче Тошковски и Стефан Андоновски, а од коалиционите партнери, Иван Стоиљковиќ.
Преговорите финишираат и со ЗНАМ,кои треба да ги добијат министерството за правда и новото министерство за администрација.
Далиборка Демјанска Цветановска