Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходната недела. Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се во Скопје – 27, а пријавени се и четири случаи од Тетово, како и по еден од Прилеп, Кичево и од Велес.
Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година и од пет до девет години.