Пораката дека „европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција“ и може да остане затворен во случај да не се почитува договореното, ја повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Та неа“.
-Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право, истакна Мицотакис.
Ваквоит став тој го повтори на пат до градот Аргос, каде што Мицотакис одржа предизборен митинг.
„Та неа“, интервјуто на насловната страница го најави под наслов „Ако го влечеш јажето, ќе се скине“, односно со пораката што грчкиот премиер ја испрати до нашата земја.