Вести Македонија Најважни

(ФОТО) Давкова положи венец на спомен плочата на Св. Кирил без име на државата

Која држава Силјановска – Давкова ја претставуваше во Рим? Непријатна ситуација на нејзиното прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Вакво прашање надвиста откако на лентата на венеците што таа ги положи во базиликата „Санта Марија Маџоре“ – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и гробот на Св. Кирил стои само „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, без притоа да биде наведено државното име, тоа се насетува само по државното знаме на крајот од лентата.

Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.

За разлика од неа, на венецот што го положи Румен Радев јасно е наведено Република Бугарија.

Откако стапи на должноста, Давкова по секоја цена избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.

Последниот ден од посетата на Италија претседателката Силјановска – Давкова го искористи да се сретне со претставници од дијаспората. Од нејзиниот кабинет не одговорија на прашањето на Телма зошто на лентата на венецот не беше испишано името на дравата.

 

За СДСМ нејзиниот потег значи директно погазување на националниот идентитет.

– Прво го избришаа името Македонија од статутот, а сега престанаа да го користат и во официјална комуникација. Македонија за нив нема име, нашата држава. Школски пример за газење на идентитет е да не го спомнуваш името на државата, напиша Петровска.

Сето тоа доведе до бурни реакции во Грција но и во ЕУ.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, откако за време на инаугурацијата новата претседателка Гордана Силјановска – Давкова избегна да го користи уставното име на државата, секојдневно во грчките медиуми обвинува за прекршување на Договорот од Преспа и се заканува со ставање рампа за членство на земјава во ЕУ.

Во Грчките весници пак секојдневно се анализира однесувањето на Мицотакис кое според нив покажува дека Договорот бил важен за Грција.

Заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар порача дека САД очекуваат Северна Македонија да продолжи по европскиот пат и рече дека добил потврда од претставниците кои ќе ја формираат новата влада во земјава дека ќе се придржуваат до договореното. САД порачаа дека ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.

Мицотакис за „Та неа“: Отстапките од договорот ќе доведат до ќорсокак на патот кон ЕУ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе