Вести Свет

Денеска се одбележува „Денот на младост“

Иако Јосип Броз Тито е роден на 7 мај, неговиот роденден во Југославија се славеше на 25 мај.

Празникот со кој се одбележува датумот на раѓање на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше најпопуларниот празник во поранешна Југославија.

Препознатливиот симобол за овој ден беше „Штафета на младоста“.

Генерации пионери, студенти и војници ја носеа илјадници километри повеке од еден месец низ целата земја, од Триглав до Гевгелија, за да му ја предадат на доживотниот претседател на поранешната држава.

Централаната церемонија се оддржуваше на 25 мај на блеградскот стадион со слет во кој учестувале пионери, младицни и припадници на сите гранки на армијата и морнарицата и свечено врачување на штафетата на Маршалот од страна на најдобрите ученици, млади работници и истакнати спортисти.

Се до смртта на Тито во 1980 година, штафетата му се додлеува лично.

Во 1988 година беше направен последниот слет со што штафетата дефитивно замина во историја, а Југославија по три години ќе ја зафати воениот виор.

Иако последната штафета беше донесена во Белград во 1987 година, Денот на младоста и денес многумина го слават како спомен на „подобрите времиња“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе