Борба против Лажни вести Вести Магазин Македонија Наука и здравје

Компјутерски алатки со вештачка интелигенција навлегуваат во секојдневието на човекот

Компанијата Мајкрософт работи напорно во привлекувањето на нови корисници, каде истите ќе може да ги користат новите алатки придружени со вештачката интелигенција.

  • „Влегуваме во оваа нова ера каде компјутерите не само што ќе можат да не разбираат, туку всушност ќе можат да предвидат што сакаме и кои се нашите намери. За нас, промените на оваа платформа започнуваат со Microsoft Copilot. Copilot претставува придружник со вештачка интелигенција. Го става знаењето и стручноста на дофат на раката и ви помага да дејствувате. Работи на сите уреди. Секоја улога, секоја функција, во секоја индустрија“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Мајкрософт.

Мајкрософт сака на корисниците да им обезбеди удобност со неговите ‘чет-бот’ алатки пропратени со вештачка интелигенција, кои ќе запомнат сè што правите на вашиот компјутер и ќе ви помогне да дознаете што сакате да правите следно.

Софтверскиот гигант ја претстави надградената верзија на Copilot, асистент со вештачка интелигенција. Истиот може да составува документи, да прави слики и да служи како личен асистент на работа или дома.

Најавите пред годишната конференција за развивачите на Мајкрософт во Сиетл се фокусираат на вградување на карактеристиките на вештачката интелигенција, а веќе има над милиони потрошувачи на оперативниот систем Windows за персоналните компјутери.

Мајкрософт ветува дека ќе ја заштити приватноста на корисниците давајќи им опција да го филтрираат она што не сакаат да го следат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе