Македонија Најважни

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Тони Менкиновски, Јовица Страшевски, Славчо Секулов се имињата на адвокатите кои Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски би сакал да го бранат во случајот против него. Најпрвин се очекува нивниот одговор, односно дали некој од нив ќе го прифати ангажманот за потоа Палевски да биде повикан пред судија на претходна постапка да се произнесе за околностите под кои јавниот обвинител му изрече 30 дневен притвор.

„Официјално ништо немам добиено од судот, но, за жал и да добијам сега моментално сум на службено патување надвор од Македонија во Италија  и сум отсутен и не сум во можност да го прифатам ваквото барање, доколку би го добил“, вели Менкиновски за Телма.

Ништо официјално не добил и Страшевски кој во телефонски разговор рече дека повеќе не може да коментира. Со Секулов пробавме да контактираме, но засега безуспешно, бидејќи е недостапен. До Кривичниот суд се уште не стигнала информација дека некој адвокат има полномошно од Палевски да го застапува.

Доколку ниту еден не одговори позитивно на поканата на Палевски ќе му биде определен адвокат по службена должност. Палевски на 15 мај беше екстрадиран во земјава со редовен лет на Туркиш Ерлајнс по околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир. Во отсуство му беше изречен притворот. Од аеродромот до затворот беше транспортиран со 4 цивилни автомобили на единицата за соработка со Интерпол.

Директорот на затворот Филип Андов во интервју за КОД откри што се имало во куферот на Палевски.

„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“, Андов.

Палевски со себе носел и банкноти во евра и турски лири. Според сознанијата на Телма станува збор за околу 1250 евра и неколку стотина лири. Палевски во куферот имал и документи, а обвинителството веќе побарало да изврши увид во нив.

Марија Митевска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе