Вести Македонија Најважни

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Северна Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8 мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови.

На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања.

Загржувачко за соговорнците е руското и српското влијание, кое се случува и преку коруптивни и криминални мрежи. Развојот на инфраструктурата што ги поврзува Косово и Северна Македонија беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка, наведува весникот.

Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, евроатлантскиот мир, безбедноста и стабилноста“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе