Вести Свет

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Украинскиот претседател Зеленски потпиша закон за мобилизација со која се предвидува дека некои затвореници можат да бидат дел од вооружените сили.

Според документот, затворениците ќе можат да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода.

Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици.

Заменик министерката за правда Елена Висоцка, пред усвојувањето на законот, изјави дека истражување спроведено во април покажало дека околу 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронтот во замена за условно ослободување од издржување на казната.

Украинскиот претседател ,во меѓувреме наведе дека Украина направила све инструментално и оперативно да во Јуни започне преговори со ЕУ.

-Останатото е самo политика.Инструментално и оперативно ,направивме се да во Јуни започнеме  преговори со ЕУ. Мислам дека ќе успееме. Дури и тешките партнери станаа лесни .Со нив активно работевме изјави Зеленски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе