Против сум избрзани решенија. Ние прво треба да направиме јасна стратегија и концепт каков Судски совет сакаме да имаме, односно да воспоставиме систем кој ќе гарантира професионално, стручно и независно тело, како Судски совет. Тоа, пак, подразбира дека мора да имаме експертски тим кој ќе ги анализира слабостите на досегашниот Судски совет, не во смисла на актуелниот состав, туку на поставеноста, изјави Владимир Туфегџиќ, поранешен судија, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„И во таа смисла да видиме дали нас ни се потребни промени во смила на измена на законот и воспоставување на внатрешен баланс во Судскиот совет, баланс, пред сè професионален и стручен кој ќе биде гарант за професионалноста, стручноста и отпорноста кон политиката“, смета Туфегџиќ.