Вести Македонија

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Неексплодирана граната за која се претпоставува дека е уште од Првата Светска војна вчера напладне била пронајдена и однесена во полициска станица во Берово. Иако постои опасност од активирање при нејзино поместување од местото каде била пронајдена лицата сепа одлучиле да ја земат и да ја пријават кај надлежните.

Веднаш биле повикани пиротехничари по што експлозивната направа е преземена за уништување, информира ЦУК.

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип информира дека настанот се случил вчера во 12.30 часот.

– Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно, зашто е контактирано со Полицијата и сепак од безбедносен аспект, е несоодветна. Граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги допираат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК. Ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци  – пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина – апелираат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе