Вести Македонија Најважни

Кривичен известен за притворот на Палевски, не се знае кога ќе дава исказ

Известувањето дека Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски се наоѓа  во притвор во Шутка стигнало до адресата на Кривичниот суд. Палевски во средата вечер беше екстрадиран во земјава со редовен лет на Туркиш Ерлајнс по околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир. Во отсуство му беше изречен 30 дневен притвор.

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определена мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување, соопштија од Кривичниот суд. 

Палевски беше уапсен на 5 декември во Баликесир откако беше распишана меѓународна потерница. Од аеродромот до затворот беше транспортиран со 4 цивилни автомобили на единицата за соработка со Интерпол. Со себе носел куфер и евра и лири. Кој ден Палевски ќе се соочи со судот околу неговиот притвор се уште не се знае.

Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена, соопштија од Кривичниот суд. 

Обвинителството по екстрадицијата на Палевски соопшти дека  презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста. За останатите осомничени во случајот истрагата е во завршна фаза, а набрзо ќе биде поднесено и обвинение.

За случајот осомничени се уште 4 лица, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој се гони за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Стефан Димковски, кој го возеше Палевски до Турција е осомничен за  помагање по извршеното кривично дело.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе