Вести Македонија

Членовите на ДИК пријавија дека не се чуствуваат сигурни – тврдат дека трпат закани од преставници на техничката влада

Од изборната комисија реагираат дека се понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани со кривична одговорност !

Вака се чувствуваат претседателот на ДИК Александар Даштевски и 5 члена на Комисијата –  освен потпретседателката Дитмире Шеху.

Загрижени се дека е можно нападите,  прозивките и навредите да преминат во лични напади на нивната сигурност.

Велат дека нивната загриженост е продуцирана од изјави на партии и од високи владини функционери во врска со постапувањето по приговорите.

ДИК уверува дека изборите се спроведени професионално и транспарентно, а по приговорите постапувала со највисок степен на интегритет и со проверка на изборниот материјал.

За сите недопуштени напади,  притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Џилијан Стрик.

Вчера, техничкиот премиер Талат Џафери обвини за изборен инженеринг со договор и надгласување во ДИК, за да се прифатат некои приговори и да се изменат изборните резултати.

Пред Џафери,  слични ставови искажаа министерот Бујар Османи и други партиски функционери на ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе