Од Шибеник за Телма
Боби Христов
Заеднички полититики, поголема регионална соработка за поголем економски раст и приклучувањена регионот на Западниот Балкан кон Европската Унија и совладување на проблемите на ток пат кои се заеднички за сите, е една од клучните пораки од Форумот на јадранско- јонскката иницијатива.
Македонија заедно со Хрватска е една од земјите во регионот на југоисточна Европа со најцолем одлив на мозоци, порача еврокомесарката за кохезија и реформи, Елиса Фереира која се обрати на отворањето на Форумот. Тоа, според неа е голем предизвик и затоа со заеднички политики треба да се работи на економскиот раст, но и да се покаже дека проширувањето не е само перспектива.
„Меѓу шесте европски земји со најголем пад на населението во последната деценија, пет од нив се во Југоисточна Европа. Имено, Северна Македонија и Хрватска загубија 10% или повеќе од своето население“, изјави Елиса Фереира, еврокомесарка за кохезија и реформи.
Во завршната декларација од Форумот се повикува на јакнење на регионалната економска соработка, интезвириање на програмите за прекугранична и за соработка меѓу младите.
Продлабочувањето и проширувањето на Европската Унијата, беше речено, се двата клучни столба за иднината на ЕУ. Но, перспективите за проширување треба да бидат следени и поткрепени со конретни политики, бидејќи колку ЕУ му е потребна на Западниот Балкан толку и регионот и е потребен на Унијата.