Вести Македонија

Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион

Регионалниот центар за управување со кризи – Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.

– Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.

Од ЦУК и денеска алармираат за внимателност при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се вози внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 1.677 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– „Реални“ повици биле 56,59 отсто, а 43,41 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,43 проценти, кон Итната медицинска помош – 30,04 отсто, а кон пожарникарите – 1,58 проценти од реалните повици, додаваат од ЦУК

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе