Вести Македонија Топ вести

Недоволен и бавен напредок, неопходно е мобилизирање на сите ресурси за економски развој – почна 13-от Самит „Македонија 2025“

Неопходност од интензивна и темелна акција, напредокот е бавен и недоволен за постигнување на нашите цели, порача Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи таа, државата заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници.  Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.

„Се чини дека континуирано се развиваат нови линии на поделба во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси, итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период“, рече Мојсовска Блажевски.

Се осврна  на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои како што рече, дадоа силна поддршка за нова политичка опција и нова програма и идеологија.

„Меѓутоа, свесни се дека предизвиците на патот се многу многу големи“, потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“.

Го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за збрзан раст“.

„Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитена и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина“, укажа Мојсовска Блажевски.

Најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст.

Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости.

Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.

Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1.500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании. Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе