Вести Македонија Топ вести

Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

Министерот за здравство Илир Демири го потпишал решението со кое се разрешува медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, доктор Данил Петровски. Решението денес пристигнало во правните служби на Клиниката, а за разрешувањето добивме потврда и од министерството и од директорот Петровски.

Медицинскиот директор беше разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Во однос на годишниот одмор Ве известуваме дека тој има право да го користи како вработен на кого му е продолжен работниот однос по 64 години од неговото пензионирање. Нема законска пречка дека во време на одмор не смее да се разрешува. Тој ќе остане да работи на Клиниката, соопштија од министерството за здравство.

Директорот Петровски потврди дека е информиран од правната служба за неговото разрешување и вели дека ќе го чека образложението на решението пред да даде било каков коментар. Не ја исклучува можноста да е разрешен бидејќи синоќа дежурал на Клиниката во период кога е на одмор а тоа го сторил исклучиво поради недостиг на кадар.

Со реакција околу разрешувањето се јавија вработените во Клиниката кои го осудија овој чин и укажуваат дека според упатствата на Антикорупциската комисија е незаконско бидејќи изборниот процес сеуште тече.

Втората неправилност за која се набедува и разрешува медицинскиот директор е говор на омраза на етничка основа, кој вработените го отфрлаат како невистинит, неоснован и недокажлив, односно е чиста шпекулација нарачана од поединци на клиниката и реализирана преку новинар кој и во 2 часот наутро си дава за право да упаѓа на Клиниката, реагираа вработените во клиниката за токсикологија.

Вработените сметаат дека најмалку што може да стори министерството е да ја разреши и директорката Иљази и прашуваат дали вработувањата на некомпетентни лица на Клиниката се користи за собирање на политички поени бидејќи на Токсикологија и е потребен квалитетен и образуван персонал вработен по Мерит систем.

Од министерството нема најава дека ќе се повика на одговорност организациониот директор  Бесија Иљази или дали се истражуваат наводите за лошо менаџирање со финансиите на Клиниката.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе