Вести Македонија Најважни

Обвинителството ќе ја истражува смртта на седуммесечното бебе, кое почина по операција во охридската болница поради повреда на главата

Охридското обвинителство ги истражува причините за смртта на 7 месечното бебе од Вевчани, кое рано утрово почина во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, откако поради повреда на главата врз него итно беше изврешен хирирушки зафат.

Бебето вчера попладне околу 16 часот во болница било донесено од неговата мајка со хематом, по што лекарите констатирале дека има мозочно крвавење. Иако веднаш била извршена операција,   по неколку часа почина на Oдделението за интензивна нега.

Родителите  изјавиле дека тоа се повредило при пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

Обвинителот веќе издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на бебето. Се проверува и третманот во болницата, а се разговара и со семејството.

Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал во ЈЗУ Св. Еразмо постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лицаа се проверува и медицинската историја на детето и на мајката, информираат од ЈОРМ

Специјалната болница за ортопедија и труматологија Св Еразмо веднaш по смртта на бебето, во раните утрински часови ја извести и охридската полиција, од каде велат дека преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе