Вести Македонија

Мицкоски полни батерии на Огражден, „Вреди“ подготвуваат барања

Некој во странство, некој на планина. Пред да ги почнат преговорите за влада, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ си земаа дводневна пауза, да ги наполнат батериите и да ги подготват стартните позиции.

Мицкоски на фејсбук објави каде му се одвива тактичкиот тренинг.

„Оган, Огражден планина и слободна Македонија. Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат. Заедно и силно“, напиша на својот профил на фејсбук.

И од коалицијата на албанските опозициски партии си земаа пауза за подготовка на барањата. Работните групи што ќе ги водат разговорите, нема да имаат постојано членство, туку ќе се менуваат во зависност од потребата. Прво на ниво на претседатели на партии, а потоа на генерални секретари или потпретседатели.

И од двете партии се слушаат јавни изјави дека во моментов не се разговара за ресори, туку акцентот е ставен на градење на партнерство и доверба, со цел владата да функционира со една усогласена програма. Функционерите на „Вреди„постојано потенцираат дека Албанците веќе не бараат само симболика, туку сакаат власта да ја реализира програмата.

Соработката, што беше договорена во саботата ќе се базира на евроинтеграциите, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе