Вести Македонија Топ вести

Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Преспанскиот Договорот и евроинтеграцијата на Северна Македонија, порачаа претставник на Стејт департментот, по изборите одржани на 8 мај.

Ставот на претставникот на американското министерство дојде како одговор на прашање на грчките дописници во Вашингтон – дали новата претседателка го прекршила Договорот, нарекувајќи ја при заклетвата нашата земја Македонија, а не Северна Македонија, како што е нејзиното уставно име.

Катимерини, пак, известува за телефонски разговор меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. Двајцата поранешни премиери на Грција и на Македонија изразија загриженост од растечкиот националистички популизам од двете страни кој го нарекоа лицемерен и опасен. Инаугурацијата на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, која при давањето на свечената заклетва не ја изусти придавката Северна, е во фокус и на останатите грчки медиуми.

Нејзиниот потег го коментираа и низа светски медиуми. Пренесувајќи делови од заклетвата на Силјановска, Еуроактив ја нарече контроверзна инаугурацијата на новата македонска претседателка.

Попладнево се огласија и од германското Министерство за надворешни работи од каде порачаа дека Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор. Што се однесува до користењето на името, портпаролот на германската дипломатија рече дека Договорот од Преспа е меѓунартоден и земјата презела обврска да го почитува.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе