Вести Македонија Најважни

Радев со остро предупредување: Нема да се ревидираат договорите

Бугарскиот претседател Румен Радев утрово со остро предупредување до политичарите во Македонија.

Европската перспектива на земјата зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрените чекори од Европскиот совет во јули 2022 година.

Преговарачка рамка, нема да се ревидира, се наведува во неговата изјава.

Радев наведува дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Тој потсети дека Македонија е членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните должности и одговорности.

  • Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од строгото исполнување на меѓународните договори во кои е страна, како и оние одобрени од Европскиот совет во јули 2022 година. Преговарачката рамка со ЕУ, како информација за одговорните институции во РСМ, нема да биде ревидирана, се додава во соопштението од прес-службата на бугарскиот претседател.

Договорот со Бугарија беше и меѓу проблематичните теми за ВМРО-ДПМНЕ во кампањата, бидејќи сите претставници на победничката партија дадоа изјави во насока на повторно преговарање за Преговарачката рамка со ЕУ, во која се вклучени и проблематичните моменти со Бугарија.

Главните пораки на Христијан Мицкоски, за време на кампањата беа во насока на повторно преговарање за условите и чекање промена на власта во Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновска Стојчевска во „Топ тема“: Седум години ние бевме предавници, вие патриоти, за некој да даде заклетва со Северна Македонија

Дејан Дејан

Ако биде се како што треба, ќе има ребаланс на буџетот во втората половина на јули – најава од Мицкоски

Дејан Дејан

Николовски: Можно е воведување на градски воз во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе