Вести Македонија

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Во говорот по инаугурацијата Силјановска три пати го спомна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кого кажа дека го запознала во 2019-та година.

Таа посочи и дека самата не можела да замисли ваква доверба со гласови од над 560 илјади граѓани и дека се уште не може да верува во тоа, а дека единствен  човек кој тврдел дека тоа ќе се случи, рече, бил Христијан Мицкоски, кој ја уверувал дека „тоа ќе се случи кога ќе има хармонија меѓу математиката и емоциите“.

-Можеби некој ќе замери што го споменав г-динот Мицкоски ама еве го пред мене и г-динот Ковачевски. Сакам и него да го споменам. И тој се одважи да ми се јави, не само на ФБ да ми посака добредојде и успешна работа туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените ќе се менувате и Вие, мажите политичари и Македонија ќе стане едно пријатно место за соживот на сите, истакна Силјановска во делот од говорот каде зборуваше за единство и еднаквост на сите.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети кој исто така беше во салата не беше споменат по што партискиот портпарол Арбер Адеми изјави дека таа во говорот не спомнала никој освен двајца политичари.

Во говорот не беше споменат ниту досегашниот претседател Стево Пендаровски, но тој  се среќава со Силјановска при примопредавање на функцијата во Вилата Водно.

ФОТО: Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија за време на инаугурацијата на Силјановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе