Вести Македонија

ФОТО: Срѓан Керим со прегратка и честиташе на Силјановска

На приемот за честитање на новата претседателка Гордана Силјановска имаше голем ред за честитки. Меѓу нив беше и познато лице од дипломатијата но, и од истрагите на СЈО.

Со прегратка и пригодни зборови, Силјановска доби честитка од Срѓан Керим.

Керим беше министер за надворешни работи, македонски амбасадор во Обединетите Нации и во Германија имаше и меѓународна кариера кога во 2017-та беше избран за претседател на 62-то Заседание на Генералното собрание на ОН, а неуспешно се кандидираше и за генерален секретар на Обединетите Нации, највисоката функција во светската организација.

Контроверзноста ја заработи по соработката со Сашо Мијалков и со Орце Камчев при преземањето на групацијата весници и печатени медиуми во МПМ што заврши со стечај на фирмата и откази и долгови за медиумските работници и новинари.

Поради стечајот на МПМ, Специјалното Јавно Обвинителство отвори истрага во која го повикуваше и последниот директор на фирмата Срѓан Керим. Тој еднаш беше на распит, а потоа на останатите покани не се јавуваше туку престојуваше во Хрватска.

Керим имаше обид и да се избори за претседателска кандидатура во Македонија, но не успеа. 75-годишниот дипломат денеска се појави и на приемот во Собранието за честитање на Силјановска, а исто така беше и во вилата Водно на прославата на инаугурацијата на новиот Претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе