Најавата за задолжување на Македонија со кредит од милијарда евра за која веќе преговарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со влада на друга земја, за експертите е загрижувачки потег, затоа што не се знаат условите и потсетуваат на едно лошо искуство со познатата „Милијардата од Тајван“ и пеналите што ги плаќаше државата пред повеќе од две децении.
Економскиот аналитичар Абил Бауш вели дека иако можеби намерите се добри, сепак вакви изјави повеќе наликуваат како идниот мандатар да е се уште во кампања.
-Правиш договор со кој што ја задолжуваш дравата со втора страна, трета страна, без никакви поставени услови, те тера да размислуваш дека станува збор за сомнителен договор. Иако, можеби се сите намери позитивни, сепак мора да се каже дека ние сме во процес на интеграција, во процес во кој можеме многу подобри средства да добиеме од ЕУ ако го држиме тој курс на реформи и евроинтеграции, вели Абил Бауш, економски аналитичар.
Според Бауш, ВМРО-ДПМНЕ не ги доби овие избори за да ја задолжи државаат со една милијарда евра , туку со програма во која се најавуваа длабоки реформи во даночната политика, борба против корупцијата, зголемена транспарентноста, поголеми штедења во Буџетот, покорисно алоцирање на тие средства.
-Мислам дека таа програма беше многу добра и сега во еден момент, уште пред да седне во таа фотелја дава една бомбастична изјава со која се очекува да земемем средства од втора држава, со услови кои јавноста не ги знае, а улогата веќе не е му опозицска, туку тој е мандатар и сериозно треба да се зафати со ова, вели Бауш.
Задолжувањето од милијарда евра Мицкоски го најави на КАНАЛ 5 во првото интервју по изборите . Рече дека станува збор за финансиски пакет од друга држава, со поволни услови, атрактивна каматана стапка и добар грејс период. Тој рече дека споредбата со милијардата од Тајван е превулгарна, затоа што тоа биле други околности. Но немаше детали од каде се средствата, како ќе се реализираат и за што ќе бидат употребени.
Од ВМРО-ДПМНЕ за Телма тврдат дека финансиите нема да бидат земени од Кина, Турција или Русија, а на прашањето дали станува збор за пари од Обединети Арапски Емирати немаше прецизен ниту потврден одговор..
Според информациите на Телма, за проектот со финансиски пакет од милијарда евра бил задолжен и го преговарал поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски.
Емилија Мисирлиевски