Година и 3 месеци откако му пиша на шефот на обвинителстото за гонење на организиран криминал Ислам Абази, дека сака лично да поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени, Боки 13 доби покана да дојде во обвинителството да ја презентира пријавата пред обивнител.
Пред обвинителството го сретна и се поздрави со Ислам Абази.
Како дел од операцијата која ја нарекува “Бумеранг”, Бојан Јовановски во пријавата напишал 32 имиња на порaнeшни функционери од политиката и правосудството (екс директори, министри судии, обивнители и бизнисмени), меѓу кои и екс премиерот Зоран Заев, екс шефицата на обвинителство Вилма Русковска и повеќе генерални секретари на СДСМ.
Јовановски најави дека ќе приложи и над 1 милион фајлови со пораки, телефонски разговори и друга коресподенција но доказите ќе ги предаде откако ќе добие гаранции од обвинителството за организиран криминал.
Телма контактираше со повеќе од лицата кои ги спомнуваше Јовановски, дел не се јавија, дел немаа коментар.
Поранешната обвинителка Вилма Русковска пак посочи дека не сака да коментира за да не влијае на никаков начин врз предистрагата.
Неговиот адвокат пак објасни дека поради болничкото лекување на Јовановски до сега немало услови да биде повикан за на записник да ги поднесе кривичните пријави.
Боки 13 е правосилно осуден за Рекет на 9 години но во декември лани доби прекин на издржување на казната од здравствени причини.
За Меѓународен сојуз ќе има повторно судење откако апелација му ја укина првостепената пресуда а ја потврди само ослободителната за екс пратеничката Фросина Ременски.