Вести Македонија

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

По вчерашните претреси во велешко под сомнение за изборен поткуп, Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага за недозволено држење оружје.

При претрес во домот на осомничениот во село Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот се бара притвор.

Претреси и во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори, кај членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, со фотографии од избирачки список со лични податоци на гласачи, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, испраќани како доказ дека го дале својот глас за еден од кандидатите. Овие информации биле споделени во посебно креирана група за комуникација.

Освен со членовите на избирачки одбор, на раговор во полиција биле повикани и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе