Вести Избори 2024 Македонија

Тргна карванот на СДСМ и коалицијата за парламентарните избори

Под слоганот „Нема откажување од иднината„ карванот на СДСМ и коалицијата ја почна кампањата за парламентарните избори. Пред носителите на изборните листи, министрите и членството, се обрати претседателот на партијата и носител во првата изборна единица, кој вети  порешителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Главниот фокус на оваа коалиција останува членството во ЕУ. Најави дека, раководни места во министерствата и институциите ќе има само за оние кои навистина го заслужуваат тоа со својата професионалност.

Ковачевски се осврна на сработеното во изминатиот мандат на Владата предводена од СДСМ, но и ги потенцираше мерките предвидени во програмата, опишувајќи ја како реална и остварлива.

Најави целосна реформа на судскиот совет и на советот на јавни обвинители,како и драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал.

Упати критики до опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои ги обвини за лицемерие.

На настанот, видео обраќање имаше и членот на нивната сестринска партија, германскиот социјалдемократ,Олаф Шолц, со порака дека, процесот на проширување со Македонија и државите од Западен Балкан е потребен за силна Европска Унија.

На крај, сите носители на кандидатските листи се потпишаа на муралот изработен од младиот уметник Давид, кој ја симболизира пораката дека нема да се откажат од европската иднина.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе