Филмови

НОЌ ЗА ПРОСТУВАЊЕ – петок, 19 април 2024 – 22:15

Во Иран, реално-ТВ програма може да ја замени правдата, „Ако даде Господ! Маријам е 22-годишна жена осудена на смрт за убиство на нејзиниот сопруг, 65-годишниот Насер. Бидејќи казната е веќе изречена, единствена која може да и помогне е Мона, ќерката на убиениот, со која Маријам треба да учествува во реалното шоу, како и бројот на гласови за прошка што ги освои од публиката. Ова шоу е снимено за време на Јалда – ноќ за простување, што е и зимска краткоденица, многу важен и почитуван во иранската култура. Филмот е базиран на вистински приказни во кои ТВ студиото служи како судница и место за правда. Во оваа драма, Маријам е таа која мора да моли за прошка и живот. Голема награда од жирито на филмскиот фестивал Санденс 2020 година. За режисерот Масуд Бакши е роден во Техеран, Иран, во 1972 година. Работел како филмски критичар, сценарист и продуцент пред да сними 12 документарни и кратки филмови кои биле наградени на меѓународната сцена. Неговиот прв долгометражен филм Угледното семејство беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2012 година. Јалда, прошталната ноќ е негов втор долгометражен филм, прикажан на филмскиот фестивал Санденс во 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФИЛМОТЕКА НА ТЕЛМА 17.01-19.01.2025

Дејан Дејан

ГЛУМЕЈЌИ ГОСПОД-недела, 19 јануари 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ВОЗИ МЕ – недела, 19 јануари 2025 – 00:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе