Вести Македонија

Проблемот со сметките за комуналии требаше да се реши навреме – тетовци лично се пожалија на градоначалникот Касами

Сѐ уште трае револтот кај жителите на Тетово кои лично треба да го средат хаосот кој настана со сметките за комуналии, откако започна да функционира новото менаџирање со општинските услуги. Сами треба да пријават кој е носител на сметката, во домаќинствата во кои пристигнаа сметки за повеќе членови, па дури има случаи и на име на починато лице. Велат, зошто претходно не се средија податоците, па потоа да испраќаат фактури.

Иако добија ветување од локалната самоуправа дека ќе се реши проблемот, сепак, граѓаните кои денес дојдоа на закажаната средба со градоначалникот, сметаат дека сметките не се реални.

„Зошто не го решија навреме. Сум плаќал 410 денари, живеам само со жена ми, сега ми дојде над 1.000 денари да платам“, реагира тетовец

„По 514 денари, а најновата сметка што ја добив е 1.200. Јас не можам да платам за 30 тона, 30 тона е еден олимписки базен, којшто две лица не можат да го потрошат“, вели друг жител на Тетово

„Не е во ред, 420 квадрата ми ставиле за цело место, 2.600 денари за две лица“, истакна нивни сожител.  

„Квадратите не прават ѓубре, прават живи луѓе. Некој има куќа, некому му останала наследство, живеат двајца – тројца, а некаде живеат во помалку квадрати 12-13 лица“, истакна тетовец

Тетовскиот градоначалник вели дека таквата методологија за отпад ја има и во другите градови, додека домаќинствата во селата ќе плаќаат фиксна цена. За количината на потрошена вода ќе се плаќа паушално, додека не се постават нови водомери.

„Таа методологија е и во другите градови на државата не го измисливме ние. Не е најисправно но се обидуваме лека полека сите ситуации да ги расчистиме. До крајот на годината ќе треба да се инсталираат водомери и водата ќе се наплаќа согласно реалната потрошувачка на вода и дотогаш ќе има една минимална фактура“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Граѓаните кои имаат проблеми со фактурите се обраќаат во седиштето на компанијата „Заубермахер“, во селото Палчиште, со соседната општина Боговиње, а канцеларијата која требаше да започне со работа во зградата на Општина Тетово, сега се најавува дека ќе биде отворена од понеделник.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе