Вести Македонија

За Ковачевски Пендаровски има капацитет да победи, Мицкоски смета дека Силјановска ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Канал 5, кажа дека претседателот Стево Пендаровски има капацитет да однесе победа, додека Мицкоски, пак, оцени дека нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години во мандатот на Пендаровски.

Во СДСМ сме убедени дека ќе ја добиеме довербата на граѓаните да ја формираме следната проевропска Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде повторно избран за претседател на државата – бидејќи имаме многу јасна визија и многу јасен план за еврппската иднина на државата којшто се темели на храбри одлуки и на јасна визија и јасен план како тоа да го направиме, рече Ковачевски.

Според него, Пендаровски е нивниот избор за кандидат затоа што тој во изминатот мандат покажал дека е претседател за сите, дека ги застапува прогресивните вредности и прогресивните политики и на СДСМ и на коалицијата која го поддржува, но пред се на граѓаните и затоа, додаде, неговата кандидатура практично беше поддржана од над 22.000 потписи на граѓаните, дополнително и на коалиционите партнери на СДСМ и Коалицијата за Европска иднина.

Оцени дека Пендаровски се покажал како претседател на сите граѓни, кој не ги дели граѓаните ниту по еден основ, кој ги застапувал сите стратешки интереси на државата, не направил ниту една стратешка грешка, бил еден од клучните актери за зачленување на земјава во НАТО и при отпочнувањето на прегворите со ЕУ, и во време на криза.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, кажа дека СДСМ долго време барал и конечно нашол чоевое кој е подготвен да изгуби, и нема подобар пример од Стево Пендаровски како човек којшто е подготвен да изгуби, да доживее дебакл во следните претседателски избори и оти тоа ќе стане јасно уште на 24 април.

Јас мислам спротивно од ова што го кажа Димитар Ковачевски, сметам дека Стево Пендаровски како претседател не покажа ама баш ништо, со што ја заслужи титулата претседател. Тоа го видоа граѓаните, тоа е одличен пример на човек којшто како профил не одговара да биде претседател на државата, а уште повеќе да биде татко на нацијата, бидејќи тој не успеа да ја обедини нацијата, смета Мицкоски.

Тој посочи дека Пендаровски не поседува било каква претседателска карактеристика која што треба да биде одлучувачка за граѓаните да му го дадат својот глас. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе