Од утрово од шест часот се затворени граничните премини со Грција, Богородица, Евзони и Дојран. Поради штрајкот на грчките цариници нема да се пропуштаат патнички и товарни возила до утрото на четврти април.
Исклучок се прави за расиплива стока и медицински лекови. Сепак, грчките гранични служби на секој час прават отстапки и пропуштаат и по неколку патнички автомобили.
Македонската гранична полиција информира дека нема голема гужва денеска, бидејќи навреме биле информирани граѓаните за штрајкот.
Фото: Архива