Вести Македонија Топ вести

Цената останува 598 милиони евра, по најново ќе биде готов во 2026 година – Собранието изгласа продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Собранието, на итна седница, ги изгласа измените на законот за автопатот Кичево – Охрид, со кој рокот на изградба се продолжува за уште три години, односно до крајот на 2026 година. Со досегашните анекси, рокот на завршување беше до Нова година. Не се предвидуваат дополнителни пари за изградба, цената останува 598 милиони евра.

Владата претходно соопшти дека е неопходно продолжување на рокот поради појавата на нови свлечишта. Делници од патот во рамничарскиот дел на трасата треба да завршат порано, бидејќи се речиси готови и нема ризик од свлечишта.

За делот од Кичево до тунелите кај Пресека ќе треба повеќе време, а делот по тунелите кон Охрид треба да биде пуштен во употреба веќе идното лето, освен делот од Песочани до Требеништа кој треба да се гради до октомври 2026 година.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради пред 10 години. Требаше да чини 375 милиони евра и да заврши во 2018 година. Со анекси на договорот, рокот за изградба пет пати се продолжуваше, а цената растеше.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе