Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неопходни се промени, тонеме во сиромаштија, криминал, корупција и безнадежност

Промените во Македонија се неопходни. Со оваа власт на ДУИ и СДС, Македонија тоне во сиромаштија, криминал, корупција и безнадежност, велат од ВМРО-ДПМНЕ кои вчера ги претставија своите кандидати за пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните избори го нуди концептот „Македонија повторно твоја“, концепт кој се базира на реформи, проекти и многу работа, концепт кој ќе донесе правда, ред и функционалност на системот.

„Секој од граѓаните може и мора да биде дел од промените кои насушно се потребни на Македонија. Промените се во рацете на секој поединец. Тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее и каква иднина сака за себе и за своите поколенија. Изборот е јасен, исто како што е јасна и разликата на понудите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе