Вести Македонија Топ вести

Лукаревска: Повратот од МојДДВ до 2028 година ќе биде 3.000 денари, преку мерката се вратени близу 150 милиони евра кај граѓаните

Повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000, мерка преку која досега се вратени близу 150 милиони евра во семејните буџети на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица, Сања Лукаревска на денешната промоција на Програма за европска иднина.
„Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 година на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари во едно тромесечје“, истакна Ликаревска, додавајќи дека во изминатите пет години, со оваа успешна мерка за заштита на домашната економија и на државниот буџет, кај граѓаните се вратени близу 150 милиони евра.
Лукаревска најави ослободување од царина за интернет нарачки до 180 евра по жител, како и уште една даночна придобивка – 0% данок на личен доход за минимална плата, како и воведување на данок на луксуз.
„Водилка во нашата даночна политика е социјал-демократската правичност. Ние сакаме да му помогнеме на бизнисот, а не да го оптеретуваме.Но, мора да има баланс ! Затоа, по сериозна анализа и широка дебата, воведуваме данок на луксуз и богатство за да постои солидарност и правичност“, нагласи Лукаревска.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во рамките на обраќањето, меѓудругото, го најави проектот „Грижа за младите“ кој подразбира, по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе