Вести Македонија Најважни

Исчезната во Илинден – МВР трага по 21-годишна државјанка на Албанија, студентка на Економскиот факултет

Енкеледа Чела (21), државјанка на Албанија, исчезна во скопската населба Илинден. Нејзина фотографија е објавена на социјалните мрежи, a случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи (МВР). Таа е студентка на Економскиот факултет во Скопје.

Според описот на објавата на социјалните мрежи, висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.

Нејзината другарка Јоана Манојловска ја сподели објавата за исчезнатата девојка на Фејсбук. Последен пат, како што пишува, ја видела во петокот вечерта.

„Се бара Ени, другарка ми. (Енкеледа Чела, 21 година). Ве молам сподетеле“, постираше Манојловска на ФБ.
За исчезнувањето информирано е и нејзиното семејство кое живее во Албанија. Девојката не се вратила кај нив, а тие се на пат кон Македонија за да ја бараат.
Нејзината другарка во изјава за Телма вели дека иако биле многу блиски, таа не споделила со другарките дали има некаков проблем, ниту пак кажала дека сака да ја напушти државата. Сепак, вели другарката, во последните денови им делувала загрижено и нервозно, иако тврдела дека сè e во ред. Дечко колку што тие знаат, немала, ниту пак во моментот се гледала со некого. Девојката на нејзиниот телефон е недостапна, но претпоставуваат дека пасошот и е во ранецот кој го носела со себе.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе