Вести Македонија Топ вести

Чартери од Скопје до Турција, Египет, Тунис, до Охрид од Полска, Холандија, Англија – ТАВ Македонија со летен ред на летање

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата „Ер Србија“ ќе почне да лета на релација Белград – Охрид – Белград, информираат од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со „Виз ер“: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Дестинаците Атина и Сараево со „Ејџијан ерлајнс“, Белград со „Ер Србија“, Виена со „Аустријан ерлајнс“, Цирих со „Чаир ерлајнс“ и со Еделвајс, Загреб со „Кроација ерлајнс“, Женева со „ИзиЏет“, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со „Луфтханза“, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со „Пегасус ерлајнс“, Анталија и Измир со „СанЕксперс“, Истанбул (IGA) со „Туркиш ерлајнс“.

„Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите – Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair“, најавуваат од ТАВ Македонија.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе