Вести Македонија Топ вести

Николовски: На Македонците им се случува апартхејд од партија која со 12 пратеници контролира се

Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи. Ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување на ТВ Сител.

„За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.

„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.

Според него програмата на ВМРО–ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе