Сточарите пред Велигден го продаваат јагнешкото по 250 денари за килограм жива мера, а во месарниците достигнува и до 800 денари. Во штипскиот регион, иако стадата се намалени, сепак има неколку семејства кои сè уште живеат од одгледување на овци и производство на сирење.
Семејството Тасеви во село Сарчиево има 500 овци, а семејство Омер во селото Лакавица има 400, а сега сака да ги намали на 250. И двете семејства се согласуваат дека дека сточарството е скапо ако немаш храна за овците, дополнителен проблем им се и овчарите, бидејќи сè помалку млади луѓе прифаќаат да работат.
И двете семејства од утро до вечер работат на бачилата, сите се ангажирани од најмало до најсторо. Семејството Омер во селото Лакавица произведува од 15 до 17 тони литри млеко и од 7 до 9,5 тони килограми месо, жива мера. Тој забележува дека од производството на јагнешко само трговците имат профит.
Бројките кои Државниот завод за статистика ги објави потврдуваат дека се намалува сточниот фонд. Во 2023 година вкупниот број на говеда е намален за 9,7, а намалување од 9,2 процента бележи и бројот на овците.
Викторија Јованова