Претседателот Стево Пендаровски го осуди терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол“ близу Москва и изрази сочувство до семејствата на жртвите и повредените.
„Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените. Им посакувам брзо закрепнување на повредените.“, напиша тој на Фејсбук.
Во терористичкиот напад синоќа загинаа 115 лица, а бројот на жртвите ќе се зголемува, велат од Истражниот комитет на Русија.
Руската федерална служба за безбедност соопшти дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица.