Вести Македонија Топ вести

Во Топ Тема дебата со Марковска, Рамадани и Макрадули- Собранието наместо демократска, гладијаторска арена

Зошто пратеничкиот глас е во најголем случај само притискање гласачко копче, а народните избраници најчесто само партиски војници?

А Собранието наместо демократска, гладијаторска арена?

Што да се очекува од единаесеттиот парламентарен состав?

Во Топ Тема дебата со поранешните пратеници Ѓулистана Марковска, Исмет Рамадани и Јани Макрадули.

Тројцата се согласни дека во претходните парламентарни состави постоела поинаква атмосфера. Пратениците барале заедничко решение за главните прашања.

  • Се разликуваа патиштата, а целта беше иста. Македонија како да стане независна држава. Македонија после потпишувањето на декларацијата на независност, чијшто сум потисник и за што сум особено горда, стана независна држава и оттогаш досега поминаа 34 години и имам впечаток дека секој состав почнувајќи од 90-та година, па наваму е послаб во својот капацитативен, ако сакате и интелектуален, а да не зборувам и за принципелниот однос на секој пратеник за која било тема, рече Ѓулистана Марковска.

На прашањето зошто веќе нема ентузијазам, а постои некаков вид на примитивизам, недоличен речник во собранието, поранешниот пратеник Макрадули одговори:

  • Веројатно ентузијазмот се изгубил заради тоа што владата го поклопила собранието и работата и фокусот сите го гледаат во владата. За жал, една од работите, еве две кои повеќе ми сметаат или со кои не се сложувам, е тоа што имало случаи кога пратеничката група поднесува закони, а од влада викаат „не знаеме, пратениците го поднесоа тоа“. Мора да сфатат дека е тоа еден ист тим, изјави Јани Макрадули.

Во врска со вокабуларот, екс-пратениот Рамадани нагласи дека користел филозофија на Ганди. Според него, перцепцијата за наративот за национализам е релативна категорија.

  • Сум кажал на говорница дека „не можете да ме навредите или повредите колку што можам јас да издржам“. Внимаваме во тие лични навреди. Ние во ставовите посебно ПДП зтоа што беше време кога се отвораше вреќата на незадоволство во однос на јазикот, правата, партиципацијата во институциите. Дебатата можеше да биде и жестока и долга, рече Исмет Рамадани.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе