Вести Македонија

Кампања пред кампањата, кандидатите за претседател бараат аргументи за оцрнување на конкурентите

17 дена пред официјалниот старт на кампањата, кандидатите за претседатели и партиите што ги поддржуваат бараат аргументи за оцрнување на конкурентите.

Централна тема меѓу ДУИ и „Вреди“ е кој е проевропски ориентиран, а кој проруски или просрпски. ДУИ предупреди дека опозицискиот блок подготвува руско сценарио по 8 мај кое има цел да предизвика политички немири. Повикува на кампања во согласност со европските и демократските вредности наместо обвинувања, клевети и навреди за првите луѓе на партијата и за кандидатот Бујар Османи.

За противкандидатот Арбен Таравари, ова се нелогични изјави и покажуваат нервоза бидејќи ДУИ ќе ги изгуби изборите.

Техничкиот премиер Џафери ги квалификува овие изјави како политички и очекува, доколку има потреба, реакција од институциите.

За Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова секојдневна дебата водат партиите. ВМРО-ДПМНЕ го обвини Стево Пендаровски дека користи службен автомобил за да се појави на партиски настан.

СДСМ ја обвини Гордана Силјановска-Давкова дека ги навредува пензионерите и дека е само уште едно лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Стевчо Јакимовски однесе 11 илјади 648 потписи од своите поддржувачи во ДИК. Уверен е дека ќе влезе во вториот круг.

Кандидатурите за претседателските избори треба да се достават до ДИК до утре на полноќ. По проверката, а најдоцна до 28 март ДИК ќе закаже жребање за редоследот на листите на гласачкото ливче. Кампањата почнува на 4 април.

Соња Николовска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе