Вести Македонија Топ вести

Карневалџии од земјата и странство ја преплавија Струмица

Цели три часа течеше поворка од бои, светки и  маски низ центарот на Струмица. Околу три илјади учесници поединечно и во групи дојдоа преку креација и перфирманс да пренесат порака, да упатат критика, да побараат можност и надеж за подобар свет. Меѓу нив доминираа училиштата од струмичко кои секоја година се сѐ побројни и поинспиративни.

Гости има и од странство. Од организацијата велат преовладуваат маски од карневалските градови со кои Струмица има соработка.

Денеска се одржа Детскиот карневал. И најмалите ги покажаа вештините за маскирање: суперхерои, ликови од омилените цртани и бајки-маските совршено го отсликуваат богатиот и весел свет на детето.

Карневалските настани продолжуваат утре, на чист понеделник со варење бел грав на градскиот плоштад.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе